Мила Рељиќ повторно со одличен настап на големо Европско натпреварување

Мила Рељиќ повторно со одличен настап на големо Европско натпреварување
Тројца натпреварувачи на клубот Тигри-Скопје учествуваа на едно од најмасовните и најсилните таеквондо натпреварувања во светот. Милијана Рељиќ (Јуниорки – 68кг) ја декласираше својата противничка од Грција Ила Контакси со високи 22:4, а во борбата за медал повторно се сретна со Европската Клубска шампионка Карлота Занони Пјагет од Шпанија. Ова е 2 натпревар за 1 месец каде среќата сакаше во рана фаза да се сретнеме со Европската Клубска Шампионка која во четвртокот го освои златниот медал во категорија до 21г на МултиЕвропските Игри. Мила само што започна да оди на овие исклучително силни и скапи турнири и од самиот старт почна да се носи со европските шампионки. За Тигри на овој натпревар земаа учество уште двајца натпреварувачи, за кои исто така имавме големи очекувања, но ждрепката сакаше уште во првото коло да се бориме со претставници на светската спортска велесила Русија. Ања Пејиќ настапи во категорија Јуниорки +68кг каде загуби од Анастасија Пожидаева. Александар Петровски се бореше во четвртокот во категорија под 21г -63 кг. Во првото коло беше поразен од русинот Роман Лешчев.