Историски успех!!! Мила Рељиќ е 5 на Европско клубско првенство

Историски успех!!! Мила Рељиќ е 5 на Европско клубско првенство
  Рељиќ од ТКД Тигри од Скопје во првата средба беше подобра од Евангелија Перистергијану од Грција и славеше со 24-10, но, во наредната борба која беше за пласман во полуфиналето и освојување на најмалку на бронзениот медал, таа загуби од Карлота Занони Пијагет од Шпанија 0-4. Шпанката стана европски првак откако во финалето ја победи Петра Батиќ од Хрватска, додека третопласирани се Грегорија Кирјакиди – Грција и Палмира Татај Лопез – Шпанија. Тренерот Ефтимов, е презадоволен од остварениот резултат и вели дека воделе рамноправна борба со Европската шампионка која не успеала на Мила да и земе поени со удари. Разликата од 4:0 е направена само во однос на негативни поени.