Златен медал за Мила Рељиќ на „Хереа опен“ во Софија

Златен медал за Мила Рељиќ на „Хереа опен“ во Софија
Мила Рељиќ (-68 кг)  го освои златниот медал во јуниоркска конкуренција А класа на силниот Меѓународен турнир „Хереа опен 2018 во Софија, Бугарија, изминатиоиов викенд (08-09.12.2018) на кој настапија над 1000 натпреварувачи од 10 земји. „Мила доминираше над своите противнички, победувајќи во полуфиналната борба со високи 35-4 и во финалето со 14-4. За бронзената медалистка од последното Балканско првенство ова е трет меѓународен златен медал оваа година“, велат од клубот.