5 медали за Б тимот на Астерикс Опен 2018

5 медали за Б тимот на Астерикс Опен 2018
На меѓународниот натпревар 3 Астерикс Опен што се одржа на 26.05.2018 во Ниш, Србија, натпреварувачите на Тигри- Скопје освоија 5 медали. Во конкуренција на 800 натпреварувачи од 11 земји, од клубот настапија 8 натпреварувачи од кои 4 беа дебитанти. Во најсилната А класа, одлична борба имаше Александра Крстиќ (кадетки -51кг А класа) која поради техничката неисправност на електронските кациги, неколку поени не и беа евидентирани и при резултат од 3:3, судиите и ја дадоа победата на домашната натпреварувачка. Во А класа настапија уште и Виктор Петковски (кадети -45 кг) и Ања Пејиќ која во првото коло изгуби од домашната натпреварувачка Александра Перишиќ. Подоцна Перишиќ во финалето ја победи и бронзената од  Светското Јуниорско Првенство, македонката Анамарија Георгиевска. Медалите за клубот ги освоија:
  1. Михаил Гиовски – -51кг пионир А класа – бронзен медал
  2. Петар Ивановски +65кг Кадети Б класа – златен медал
  3. Марко Ѓорѓиовски – 55кг Кадети Б класа – сребрен медал
  4. Лина Петковска – 51 кг кадетки Б класа – бронзен медал
  5. Александар Тасевски – 41кг кадети Б класа – бронзен медал
На овој натпревар од нашиот клуб дури 4 натпреварувачи дебитираа на првенствата каде покажаа храбри борби и неколку победи во почетничката Б класа. Најдобрите осум А класа натпреварувачи од нашиот клуб  поради збиениот распоред не можеа да настапат на овој натпревар. Имено за Петар Ивановски ова беше 4 златен медал во тешката кадетска конкуренција во Б класа. По освојувањето не медалите во Белград, Скопје, Тирана сега се нанижа и златниот медал од Ниш за само 3 месеци.