9 медали од ТопЏим Тирана Опен 2018

9 медали од ТопЏим Тирана Опен 2018
Таеквондо Клубот Тигри – Скопје на 05 мај 2018 учествуваше на меѓународниот натпревар 6ти ТопЏим Тирана Опен 2018. Во конкуренција на над 500 натпреварувачи од 9 земји, клубот освои 2 златни, 1 сребрен и 6 бронзени медали. Во најсилната А класа учествуваа:
  1. Ивона Давиткова – бронзен медал (Сениорки – 53кг)
  2. Мила Рељиќ – златен медал (Јуниорки – 68кг)
  3. Александар Петровски – сребрен медал (Јуниори – 59кг)
  4. Ања Пејиќ – бронзен медал (Јуниорки – 63кг)
  5. Виктор Петковски – бронзен медал (Кадети – 45кг)
  6. Александра Крстиќ – бронзен медал (Кадетки – 55кг)
  7. Андреа Крстиќ – бронзен медал (Кадетки – 37кг)
  8. Михаило Рељиќ – бронзен медал (Катеди – 57кг)
  9. Марко Лазаревски (Кадети – 33кг)
Во Б класа учествуваше:
  1. Петар Ивановски – златен медал (Кадети +65кг)
Од клубот се задоволни од резултатите од натпреварувачите, посебно од феномеланите 2 победи на јуниорот Александар Петровски за влез во финалето, златниот медал на Мила Рељиќ кој е втор во низа, Петар Ивановски веќе забележа 3 златни медали во Б класа во низа (Омега Опен во март во Белград, Скопје Опен во април и овој натпревар). Одлични борби покажаа и Александра Крстиќ и посебно Виктор Петковски каде во првото коло победи со технички нокаут и високи 20 поени разлика, а во полуфиналната борба по нерешен резултат и зададен удар на Виктор во глава, судиите под крајно нејасни околности победата му ја дадоа на противникот од Грција. И овојпат како и за натпреварот во март месец во Белград, превозот за натпреварувачите беше бесплатен и третина од котизацијата беше покриена од страна на клубот. Следен натпревар е на 26 мај во Ниш на Астерикс Опен каде учество ќе земат 900 натпреварувачи од 9 земји.