9 освоени медали за ,,тигрите” на 14 Омега Куп во Белград

9 освоени медали за ,,тигрите” на 14 Омега Куп во Белград
Со огромна помош од градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски кои ни обезбеди бесплатно комбе за превоз на релација Скопје – Белград – Скопје, клубот учествуваше со 13 натпреварувачи на меѓународниот натпревар Омега Куп во Белград, Србија кој се одржува традиционално веќе 14 години првиот викенд во март месец. Успеавме да освоиме 9 медали, од кои 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени. Дури 10 натпреварувачи се бореа во најсилната А класа, каде за првпат во историјата на клубот успеавме да освоиме и златен медал во сениорска конкуренција. Медалите ги освоија: 1.Александар Петровски, сениори (-58 кг) А класа – златен медал 2.Мила Рељиќ, јуниорки (-68кг) А класа – сребрен медал 3.Ивона Давиткова, јуниорки (-55 кг) А класа – бронзен медал 4.Тамара Младеновска Јуниорки (-63 кг) Б класа – сребрен медал 5.Марко Лазаревски кадети (-33 кг) А класа – бронзен медал 6.Петар Ивановски кадети (+65 кг) Б класа – златен медал 7Андреа Крстиќ, кадетки (-33 кг) А класа – бронзен медал 8.Александар Атанасовски, пионери (-27 кг) Б класа – сребрен медал 9.Дарко Стевковски, кадети (-57 кг) А класа – бронзен медал. Учествуваа уште и: Михаиоло Рељиќ, кадети (– 57кг) – А класа, Виктор Петковски, кадети (-45 кг) А класа, Александра Крстиќ, кадетки (-51кг) А класа, Милена Блажевска (-44кг), кадетки – Б класа. Ова е историски успех за клубот каде за првпат учествувавме со толку многу натпреварувачи на меѓународен натпревар и бевме најброен македонски клуб. Ветуваме на успешни резултати и развивање на Таеквондо спортот со големата подршка што ја добиваме од градоначалникот на Општина Гази Баба. И овој пат како и на сите натпревари минатите 18 месеци, со доволни течности за напорниот викенд за децата не помогна нашиот редовен спонзор Аква Бар.