8ми Хереја Опен – 10.12.2017 Софија, Р. Бугарија

8ми Хереја Опен – 10.12.2017 Софија, Р. Бугарија
Таеквондо клубот ,,Тигри-Скопје” освои 4 медали на силниот меѓународен таеквондо натпревар 8 Хереја Опен што викендов се одржа во Софија, Р. Бугарија. Од Тигри-Скопје, 9 натпреварувачи земаа учество во силната конкуранеција од повеќе од 1200 натпреварувачи од 122 клуба и 12 земји. Виктор Петковски освои бронзен медал со две победи на преставници од Грција и Бугарија во најсилната А класа за млади кадети -44кг, во полуфиналето тесно изгуби од претставник од Кипар. Мила Рељиќ во силната А класа, во првото коло победи престатвничка од Грција со високи 18 поени разлика, а во ¼ финалето во борба за медал изгуби тесно 6:4 во кадети А класа +59кг. Тамара Младеновска освои сребрен медела Јунири – 63  Б класа. Златни медали во детските категории освоија Марко Лазаревски и Драган Петковски. Одлични борби покажаа и Дарко Стевковски и Ања Пејиќ во А класа и Ѓорѓи Настески и Андреј Кузевски во Б класа, каде со тесен резултат . Тренерот Александар Ефтимов (4 Дан) е многу задоволен од постигнатите резултати и вели дека продолжуваат со напорните секојдневни тренинзи кон поголеми успеси.