|ТАЕ КВОН ДО

ФИЛОЗОФИЈА НА ТАЕ КВОН ДО

Духовните филозофии како што е Таоизмот биле клучни во зачетокот на Таеквондото. Исто така многу од Таеквондо тренинзите се базирани на традиционалните методи, ништо не останало статично и Таеквондото продолжува да се развива и идните достгнувања и знаења се интегрираат во вештината.

За целосно да се разбере Таеквондото неопходно е да се проучи традиционалната Корејска филозофија која го водела развојот на Таеквондото. Филозофијата позната како Хонгик-инган ги опишува дејствата кои имаат бенефит за универзалната благосостојба на човештвото. Џаесе-ихва, филозофијата која што значи “божествена рационализација на човековото битие” станала дел од Хонгик-инган филозофијата во текот на периодот на стариот Чосун. Хонгик-инган филозофијата била презентирана од Сеон филозофијата во Когурјо периодот. Сеон филозофијата ги вклучува идеалите како националната гордост и “нема повлекување од борба”. Сеон филозофијата била вметната во тренингот на боречките вештини и се рефлектирала на Хварангдо духот во текот на Сила династијата.

За време на Сила династијата била објавена книгата Сесококје која ги опишува трите карактеристики на Хварангдо духот. Трите карактеристики биле лојалност на твојата нација (Чунг), наследно богопошитување кон твоите родители (Хио) и верба (Шин). Оваа филозофија станала основен принцип на животот на Хваранг, давајќи вредности и принципи за живеење за тие кои се вклучени во тренирањето на боречката вештина. Духот на Таеквондото бил наследен од духот на Хварангдо. Ова е евидентно од петте принципи на Таеквондото, а тоа се: бонтон, истрајност, скромност, самоконтрола и непоколеблив дух.

Петте основни принципи на Таеквондото и нивните квалитети кои што ги презентираат се следниве:

Бонтон – да го почитуваш твојот инструктор и твоите студенти, да го почитваш звањето на личноста која го добила, да бидеш учтив, да го почитуваш секоја како индивидуа.

Скромност – да имаш можност да го отстраниш твоето его и да веруваш дека ти си ист како и сите други луѓе без разлика на нивната позадина или искуство.

Истрајност – со трпение ти ќе ги достигнеш твоите цели.

Самоконтрола – ова вклучува самоконтрола во спаринг како и самоконтрола во секојдневниот живот.

Непоколеблив дух – да покажеш храброст кога ќе се соочиш со навидум невозможна ситуација, можност да го задржиш твојот борбен дух.

Филозофија на Хваранг

Лојалност кон твојата земја

Чест и почит кон твоите родители

Верба и искреност во пријателството

Никогаш не се повлекувај од бојно поле

Правда, не го одземај туѓиот живот без причина.

ДАЛИ Е ЗА МЕНЕ?

Дали Таеквондо е прифатлив за мене?

Ако сакаш да вежбаш – тогаш да, прифатлив е. Се што ти треба е мотивација, а движечката сила позади мотивацијата зависи од личност до личност.

Таеквондо ученикот ќе има корист од зголемена физичка активност и психолошка благосостојба. Физички, ќе ја подобри својата издржливост, отпорност, флексибилност, баланс и контрола. Психолошки, Таеквондото е познат по тоа што го намалува притисокот, депресијата, вознемиреноста, стравот, збунетоста и ја зголемува менталната сила и кај машките и кај женските ученици (Toscovic, 2001). Додатно, Таеквондото се покажало дека ги подобрува и лидерските особини (Kurian, 1993).

Не постои минимална и максимална возрасна граница од кога може да се почне да се вежба Таеквондо. Таеквондото е идеално за мали деца, бидејќи се учи дисциплина и самодоверба преку фитнес вежбите.

Пред да се запише мало дете на часови по Таеквондо прво треба да се разговара со тренерот и по негова оцена ако детето е доволно зрело за часови, може веднаш да се започне со вежбање.

Тренинзите за мали деца, за возрасни, за напредна група, за рекреативци и за натпреварувачи се различни по својот интензитет и вид.

Не постои горна возрасна граница, постарите луѓе треба претходно да разговараат со лекар за да се потврди нивната состојба за фитнес вежби. Постојат само малку медицински состојби кои оневозможуваат фитнес вежби. Впрочем, последните истражувања (Brudnak et al. 2001) покажале дека постарите студенти можат да ја зголемат нивната кондиција, флексибилност и балансот, наспроти тие кои не започнале да вежбаат. Присуството на постарите особи е често и позитивно, бидејчи нивната зрелост може да влијае и на помладите ученици.

ШТО МИ Е ПОТРЕБНО?

Кога првпат ќе влезеш во Доџанг или салата за вежбање, дозволено ти е да вежбаш во спортска облека по твој избор. Таеквондо обично се вежба бос, а и во салите на подот има поставено татами (душеци за Таеквондо). Пожелно е да се вежба боси.

Кога веќе ќе одлучиш дека Таеквондото е за тебе и сакаш да продолжиш да ја вежбаш оваа вештина, тогаш се очекува од тебе да си набавиш добок. Добок е традиционална опрема за вежбање на многу боречки вештини. Таеквондо добокот е озработен од полесен и потенок материјал за разлика од добоците на другите боречки вештини, овозможувајќи му на ученикот полесно да ги направи кружните движења. Основниот добок обично чини од 1500 – 2000 денари.

Потоа, ќе се започне со вежби за борба и спаринг. Доколку се одлучиш дека сакаш да вежбаш борби тогаш ќе треба да си инвестираш во своја заштитна опрема. Обиди се да ја набавиш најквалитетната опрема, бидејќи со таа ќе вежбаш подобро и ќе ја користиш подолго време. Ако е неопходно, клубот, доколку има може да ти позајми опрема.

|ИСТОРИЈА НА ТАЕКВОНДО

ШТО Е ТАЕ КВОН ДО?

Таеквондото потекнува од Корејските боречки вештини кои датираат уште од пред 5 000 години. Корејскиот полуостров бил населен од воени племиња но и често нападнуван од соседните земји…

Уште од дамнешни времиња, и Монголците и Кинеската Манчу Чиинг династија го напаѓале Корејскиот полуостров. Периодот на трите кралства (40 г.п.н.е до 7 век н.е.) е најзначајниот период за развој на Корејските боречки вештини. Корејскиот полуостров бил населен од три кралства, Когурјо, Бекче и Сила. Тие постојано се бореле меѓусебно да завладеат со Корејскиот полуостров и да доминираат едни над други. Секое кралство имало свој крал и племенски старешини и соодветно, нивен сопствен систем за воен тренинг. Низ овој константен ривалитет почнале да се развиваат Корејските боречки вештини. Корејски боречки вештини кои настанале во овој период се: Субак (или Таекјон), Сонбе, Субаки, Субјук, Бикаксул, Субјукта и Квонбуб.

Зборот Тае Квон До е составен од три дела. “Тае” значи “стапало”, “нога”, или “чекор напред”; “Квон” значи “тупаница” или “борба”; и “До” значи “правец или дисциплина”. Современото Таеквондо се однесува на боречкиот систем кои настанал од Кореанците во текот на многу години кои ги користеле рацете и нозете за да развијат извонредно ефикасни техники за да можат да преживеат во конфротирачките ситуации. Овие техники вклучуваат удари со рака, удари со нога, захвати и блокади. Во секоја агресивна ситуација, умот и мислите треба да бидат смирени, а борецот треба да препознае дека вистинскиот непријател може да биде сопствената агресија.

Таеквондото има сличности со останатите ориентални боречки вештини. Земјите кои ја опкружуваат Кореа, како Кина и Јапонија, имале влијание на развојот на Таеквондото. И покрај оваа еволуциска историја, Таеквондото е доста различна од останатите ориентални боречки вештини. Таеквондото е динамичка боречка вештина и во својата еволуција и во своите перформанси, и својата динамичка природа е често рефлектирана и во животот и мислите на Корејските граѓани. Во денешно време, Таеквондото е меѓународен спорт и признат од меѓународниот олимписки комитет (МОК) и официјален олимписки спорт.

ИСТОРИЈА НА ТАЕ КВОН ДО

Корејската историја започнува со основањето на династијата Чосон позната и како „Кочосон“ за да се спречи забуна со друга династија основана во 14. век; префиксот „Ко“ значи „постар“, „пред“ или „порано“) во 2323 година п.н.е. од страна на Тангун

Тангун бил првиот Корејски крал и го изградил главниот град на државата Пјонгјанг и станал основач на Чосон (стара Кореа) чие име се преведува како “земја на утрински мир”. Почетоците на Кореа се мисли дека датираат уште од 30 000 г.п.н.е. Номадксите Кинески племиња имаат нацртано постери за нив во близина на Пјонгјанг во текот на Хан династијата. Поради контстантните војни со Кинеската династија Хан било неопхопдно да се направат сојузи на племињата од северот на Корејскиот полуостров и да го формираат првотот Корејско кралство Когурјо. ДО 3 в.н.е. на југ се формирале други две кралства Бекче и Сила. Во текот на овој период Корејската култура била пос силно влијание на Кина.

Периодот на трите кралства (37 г.п.н.е. до 7 в.н.е.)

Когурјо кралство (37 г.п.н.е. до 668 г.н.е.)
Кралот Динг Мионг Сунг го формирал кралството Когурјо во 37 г.п.н.е. Когурјо било составено од номадски племиња сосатвени од пет клана наречени Баје. Когурјо требало да им овозможи да ја одржат независноста покрај честите напади на Хан династијата од Кина. Докази за Корејските боречки вештини биле пронајдени во кралските гробници изработени во камени фигури во периодот на Когурјо, како што е Сокурам Грото. Когурјо ја развил боречката вештина наречена Субак, а вежбачите биле нарекувани Сонбе, што значи “човек со сила кој никогаш не одбива борба”, Субак била пренесена на Хваранг воините од Сила. Боречката вештина Бак Сул (удирање со глава) исто така била основана во Когурјо периодот.

Сила кралство (37 г.п.н.е. до 935 г.н.е.)

Кралството Сила е основано од Парк Хјук Кусе во 37 г.п.н.е. и опстоило до 935 г.н.е. Сила било составено од 6 клана наречени Хан. Хваранг (во превод “цветен витез”) е организација создадена за тренирање и школување на елитната воена единица на Сила. Инструкторот на Хваранг, калуѓерот Вон Кванг Бупса, бил исто така и автор на Сесококје, книга која за содржи филозофијата на Корејските боречки вештини. Кралот ги борал Хваранг воините преку борба. Воениот тренинг на Хваранг содржел Субак (Таекјон), мечување, јавање на коњи, Дукгјон, Кекукџил и Сирум (корејско борење) и школување. Овој тренинг му овозможило на Сила да ги преживее конфликтите со Когурјо и Бекче. Боречките вештини исто така се развивале и како спорт и биле важен фактор во одредувањето на социјалниот статус и позиција.

Бекче кралство (18 г.п.н.е. до 660 г.н.е.)
Бекче племињата се разделиле од Когурјо и се населиле околу долината на реката Хан. Кралството Бекче е основано во 18 г.п.н.е. од страна на Онџо и опстоило до 660 г.н.е. Како и кај другите кралства, боречките вештини одиграле значајна улога во националната одбрана. Боречката вештина која ја практикувале во Бекче е позната како Су Са систем (која што била слична на Хваранг до организацијата од Сила династијата). Соединети кралства

Трите кралства речиси секогаш биле во меѓусебни војни и често биле напаѓани од Кина или Јапонија кои гледале свои можности да завладеат со полуостровот. Периодот на трите кралства завршил во 7 в.н.е. кога Танг династијата од Кина здружена со кралството Сила доминирале на Корејскиот полуостров. Боречките карактеристики на кралството Сила му овозможиле да ги поразат Бекче во 660 год. и Когурјо во 668 год. Владетелот на Танг династијата планирал да воспостави хегемонија врз Кореа. Кралството Сила создало сојуз со остатокот од Когурјо династијата и ги истерало Кинезите од полуостровот во 676 год. и на тој начин го обединиле полуостровот. Многу аспекти на културата во Кореа од периодот на трите кралства се развиле тогаш. Како што се ширел будизмот, различни храмови, гробници и градини се граделе. Остатоци од овој развој можат да се забележат во Женгжу, поранешната претстолнина на Сила.

Династијата Корио (918-1392)
Кралството Сила, владеело со Корејскиот народ преку воена моќ и овој систем неминовно создал незадоволство. Конечно, воените лидери му се заканиле на лидерот на Сила и моќта на владеењето му ја предале на владетелот на Когурјо без конфликт. Ванг Кион ја создал новата династија Корио во 918 год. во текот на овој период, Будизмот и Конфичионизмот постоеле заедно и воените офицери повеќе немале контрола над земјата.

Во текот на Корио династијата е развиена боречката вештина Субак и се организирале и натпревари по оваа древно Корејска боречка вештина.

Династијата Ји (1392-1910)
Во 1231 год. Монголците предводени од Џингис Кан завладеале со Корејскиот полуостров. Во 1392 год. бил детронизиран последниот лидер на династијата Корио и на тој начин е отворен патот за новата династија Ји. Во текот на овој период Бидизмот бил супресиран во корист на Конфучионизмот. Еден од факторите зашто Будизмот бил отстранет е затоа што Будизмот на намалувал популарноста на Корејските боречки вештини. Луѓето кои практикувале боречки вештини се сметале за инфериорни. Се сметало дека подобро е времето да го потрошат на пософистицирани работи како на пример читање и пишување поезија.

За време на владеењето на Сежонг Велики имало значителен културен развој. Биле напишани доста книги за медицина и астрономија, учителите како што се Ји Хванг и Ји Ји развиле теории за универзумот и била создадена новата Корејска азбука Хангул. Субак постанала народна боречка вештина за време на оваа династија. Док Му Ли и Жак Ка Парк ја објавиле првата книга за Корејски боречки вештини именувана како Миједобо-тонгжи за време на владеењето на кралот Жунгжо. Во оваа книга се опишани техники за борба со раце, нешто слично како денешните Пумсе (форми).

Современи времиња
Во 1910 год. Јапонија ја анексирала Кореа, ја уништиле монархијата и со тоа завршило владеењето на династијата Ји. Остатокот од Корејската војска бил пренесен во Манџурија, Шангај и Хаваи, и со тоа Кореанците имале многу малку слобода. Многу аспекти од Корејската култура како што се јазикот и боречките вештини биле забранети и заменети со Јапонските. Корејските боречки вештини се практикувале во тајност.

По завршувањето на Втората Светска Војна, Јапонските војници биле опкружени од СССР на север и САД на југ. Линијата на поделба на Јужна и Северна Кореа била повлечена на 38 паралела. Окупацијата на Корејскиот полуостров од страна на Јапонската војска не го уништил духот на Кореанците. Корејските боречки вештини оживеале по враќањето на независноста на Кореа. Многу училишта познати како “Кван” за Корејски боречки вештини биле отворени, а најпознати биле: Чунг До Кван, Мудук Кван, Јун Му Кван, Чанг Му Кван, Ох До Кван, Џи До Кван, Чи До Кван и Санг Му Кван.

За време на Корејската војна (1950-53), претседателот Сингман Ре, првиот претседател на Репубчлика Кореа (Јужна) гледал демонстрација на мајстори на Корејски боречки вештини предводени од Сонг Дук-Ки, мајстор по Таекјон. Сингман Ре бил толку многу импресиониран што наредил тренирање на боречки вештини да стане состравен дел од воениот тренинг. Слично на тоа, владата од Јужен Виетнам побарала инструктори за да ги тренираат нивните трупи Таеквондо за време на Виетнамската војна.

На 11 април 1955 воените училишта Кван се соединиле на инијатива на самите мајстори. Поголемиот дел од мајсторите се сложиле заедничкото име да биде Тае Су До. Две години подоцна по сугестија на генералот Чои, името биле сменето во Тае Квон До. Ова име било избрано затоа што попрецизно ја опишувало вештината и е слично на раното име на вештината Таек Кјон. Потоа следело создавање на Корејска Тае Квон До асоцијација во 1961, и многу инструктори биле пратени ширум светот да го демонстрираат Таеквондото..

РАЗВОЈ НА ТАЕ КВОН ДО

1961 – Создадена е Корејската Таеквондо Асоцијација.

1962 – Корејската Таеквондо Асоцијација станале членка на Корејското Атлетско Здружение.

1971 – Др. Ун Јонг Ким бил избран за претседател на Корејската Таеквондо Асоцијација

1972 – Формиран е Кукивон (Националниот центар за Таеквондо)

1973 – Создадена е Светската Таеквондо Федерација

1973 – одржано е првото Светско Таеквондо Првенство

1976 – Таеквондото бил признаен и од Меѓународниот Воен Спортски Совет и од Меѓународните Спорстки Федерации и со тоа и официјално станува меѓународен спорт.

1979 – Светската Таеквондо Федерација била признаена од Меѓународниот Олимписки Комитет.

1988 – Таеквондото било признаено како официјален демонстрационен спорт на Олимписките Игри во Сеул, Кореа

Таеквондото е и официјален Олимписки спорт на Олимписките Игри во Сиднеј, Австралија.

Светска Таеквондо Федерација →