|КЛУБСКИ ИНФОРМАЦИИ

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” е здружение од областа на спортот настанато по иницијатива на слободно здружени полнолетни граѓани, ученици, наставници и родители, љубители на спортот, кои ги прифаќаат одредбите на овој статут, заради остварување на организирано бавење со спорт и спортски активности како и соработка со други здруженија и организациии со иста или слична платформа, организирање на спортски натпревари и манифестации на сите нивоа во општината, Републиката и на меѓународен план.

Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” е основан на 09.12.2008 година. На почетокот имаше само 5 членови, но сега таа бројка изнесува повеќе од 30 членови.

Во Таеквондо спортски клуб Тигри Скопје членуваат ученици, студенти, наставници во училиштето, родители на учениците и други љубители на спортот, кои делуваат на остварување на целите и задачите во областа на спортот и спортските активности, во согласност со уставот на Р. Македонија, законот за здруженија и фондации и законот за спорт на Република Македонија.

Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” е непартиска организација и не може да врши активности на политичка партија, односно директно или индиректно да финансира одредена политичка партија и да влијае на избори, односно не смее да учествува во избори и изборна кампања на одредена политичка партија.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Здружението, Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје”, од областа на спортот е формирано за остварување на заеднички јавен интерес за организирано бавење со Таеквондо спорт и спортски активности на учениците и возрасни. Како посебни цели и задачи на Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” се утврдуваат :

– Поттикнување, омасовување и развој на Таекводно спортот и спортско рекреативните активности во училиштето,

– Развивање и усовршување на системот на натпревари на училишните екипи,

– Води грижа за одржување при користење на објектите за спорт ,

– Се грижи за здравствената заштита на спортистите-членови на клубот,

– Го стимулира развојот на секциите и спортски школи во рамките на клубот,

– Стручно усовршување на своето членство,

– Покренува иницијативи за уредување на одделни прашања од делокругот на својата работа преку правила,прописи, договори и сл.,

– Соработува со другите спортски организации, секции и клубови,

– Пропаганда и афирмација на спортот во училиштето, општината и пошироко.

ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО

Членувањето во Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” е на добороволна основа.

Основачите на клубот се членови на здружението – клубот, со еднакви права и одговорности како и другите членови на здружението.

Физичко лице може да биде член на здружението-клубот независно од неговата возраст во согласност со статутот. Малолетно лице, се зачленува во клубот со давање изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во клубот во согласност со законот.

Права и должности на членовите на Таеквондо клуб ”Тигри-Скопје” се :

– Рамноправно да учествуваат во работата на клубот,

– Да предлагаат решенија од заеднички интерес,

– Да ги усогласуваат своите ставови со другите претставници,

– Да избираат и да бидат избрани во органите на клубот

– Ги застапуваат интересите на спортистите и клубот,

– Да работат на развивање и унапредување на заедничките и други активности кои произлегуваат од статутот, програмата, други задачи и од донесени одлуки и заклучоци,

– Да ги спроведуваат одредбите од статутот.

УСЛОВИ ЗА НАПРЕВАРУВАЧИТЕ

Услови кои мора да ги исполнат натпреварувачите од Таеквондо клубот “Тигри – Скопје” за да учествуваат на домашни и меѓународни натпревари:

1. Да имаат таеквондо униформа (добок) со појас.

2. Да имаат платена месечна членарина за вежбање.

  • Членарината се плаќа на следната трансакциска сметка: 300000003561682

  • Назив и седиште на примач: Таеквондо клуб “Тигри – Скопје”

  • Банка на примач: НБРМ

  • Цел на дознака: Членарина за Име и презиме за месец XX 201X

3. Да имаат важечка натпреварувачка книшка со платена годишна членарина за соодветната календарска година 2014 на следната трансакциска сметка: 30000000361682

  • Назив и седиште на примач: Таеквондо клуб “Тигри – Скопје”

  • Банка на примач:НБРМ

  • Цел на дознака: Годишна членарина за Име и презиме за 201X

4. Доколку се натпреваруваат во борби: да имаат соодветна опрема за натпреварување: (штитник за тело, кацига, штитници за раце и за нозе, суспензор, таеквондо ракавици и таеквондо чорапи (за кадети, јуниори и сениори задолжително и електронски чорапи)).

5. Доколку се натпреваруваат во форми (пумсе) треба само да поседуваат добок.

6. Платена котизација за натпреварување.

7. Потврда од лекарски преглед за спортска медицина не постар од 6 месеци.

8. За малолетните натпреварувачи согласност од родители.

9. Доколку имаат тренерки со боите и логото на таеквондо клубот “Тигри – Скопје” пожелно е на натпревари да доаѓаат во нив. За оние кои немаат клубски тренерки не е задолжително.

Доколку се изнајдат финансиски средства од спонзори и љубители на таекводно спортот, трошоците за натпреварувачите ќе бидат сведени на минимум.

ТРЕНЕРИ

Александар Ефтимов

9ти дан мајстор

Потоа, ќе се започне со вежби за борба и спаринг. Доколку се одлучиш дека сакаш да вежбаш борби тогаш ќе треба да си инвестираш во своја заштитна опрема. Обиди се да ја набавиш најквалитетната опрема, бидејќи со таа ќе вежбаш подобро и ќе ја користиш подолго време. Ако е неопходно, клубот, доколку има може да ти позајми опрема.

Александар Ефтимов

9ти дан мајстор

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.