ТАЕКВОНДО КЛУБ ТИГРИ-СКОПЈЕ

|НOВОСТИ

10 декември, 2017

8ми Хереја Опен – 10.12.2017 Софија, Р. Бугарија

Таеквондо клубот ,,Тигри-Скопје” освои 4 медали на силниот меѓународен таеквондо натпревар 8 Хереја Опен што викендов се одржа во Софија, Р. Бугарија. Од Тигри-Скопје, 9 натпреварувачи земаа учество во силната конкуранеција од повеќе од 1200 натпреварувачи од 122 клуба и 12 земји. Виктор Петковски освои бронзен медал со две победи на преставници од Грција и Бугарија во најсилната А класа за млади кадети -44кг, во полуфиналето тесно изгуби од претставник од Кипар. Мила Рељиќ во силната А класа, во првото коло победи престатвничка од Грција со високи 18 поени разлика, а во ¼ финалето во борба за медал изгуби тесно 6:4 во кадети А класа +59кг. Тамара Младеновска освои сребрен медела Јунири – 63  Б класа. Златни медали во детските категории освоија Марко Лазаревски и Драган Петковски. Одлични борби покажаа и Дарко Стевковски и Ања Пејиќ во А класа и Ѓорѓи Настески и Андреј Кузевски во Б класа, каде со тесен резултат . Тренерот Александар Ефтимов (4 Дан) е многу задоволен од постигнатите резултати и вели дека продолжуваат со напорните секојдневни тренинзи кон поголеми успеси.

20 ноември, 2017

Елит Опен

2 сребрени и еден бронзен медал на меѓународниот натпревар Елит Опен – Белград – Србија, каде учествуваа 577 натпреварувачи од 6 земји. Одлична победа (22:0) за само 30 секунди за Мила Рељиќ за бронзен медал, во најтешката А класа, и иако победу 20:16 во полуфиналето, поради негативни поени судиите не ни дозволија финале. Први победи и за Александра Крстиќ со само шест месеци вежбање и успех за сребрен медал во Б класа. Марко Лазаревски победи со 20 разлика во полуиналето доволно за сребрен медал. Виктор Петковски направи одличен настап за прва борба во А класа.  

4 ноември, 2017

Балканско Првенство

2-4 Ноември – Едрене, Турција Ања Пејиќ кадетки – 59кг